Top Sport

Пред точно 17 години, Кристијано пристигна на „Олд Трафорд“

На 12 август 2003 година, едно 18-годишно момче пристигна на „Олд Трафорд“, за сега 17 години подоцна името Кристијано Роналдо да го познаваат сите кои барем малку гледаат фудбал.

Роналдо пристигна од Спортинг Лисабон за 12.24 милиони фунти (смешна сума за денешните милиони кои се даваат), и стана легенда на клубот, освојувајќи 9 трофеи со нив и постигнувајќи 118 голови.

Во 2009 година, Роналдо пристигна во Реал Мадрид за тогашни рекордни 80 милиони фунти, и го пречекаа речиси 80.000 фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top