Top Sport

Обложувачите „тријат раце“, компјутер пресмета кој ќе ги освои ЛШ и ЛЕ!

Останаа уште 8 клубови во борбата за „шехарот со големите уши“ по до сега невиден систем на натпреварување.

Порталот „Euro Club Index” кој детално се занимава со статистика и параметри битни во фудбалот пресмета на основа на својата методологија кој ќе биде освојувач на најважниот клупски пехар во Европа.

Според компјутерот, најголеми шанси има Манчестер Сити (24%), а веднаш зад нив е Баерн Минхен со 21%.

Интересно е тоа што овие два тима ќе се сретнат уште во полуфинале, под услов Сити да го елиминира Лион, а Баерн да ја совлада Барселона.

Трет фаворит е ПСЖ, со 18% шанси за титула, а Аталанта има само 2% шанси да стигне до престижниот трофеј.

Барса, според рангирањето на компјутерот, има 18%, Атлетико Мадрид 13 и Лајпциг 4%.

Најмали шанси за успех му се даваат на Лион, само 1%.


Компјутерски е пресметано и кој има најголеми шанси да го подигне пехарот во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед е на врвот, па по „ѓаволите“ е Севилја.

Scroll to Top