Top Sport

Касилјас: Заминувањето беше трауматично, но Реал е мојот дом!

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас вели дека неговото заминување во 2015 година од Реал Мадрид во Порто било трауматично, но тој вели дека, без оглед на се, „Кралскиот клуб“ е неговиот дом.

Екс-голманот на Реал и на „Фуријата“ на почетокот на месецов официјално соопшти дека ја завршува играчката кариера. Во шпанските медиуми се појави информација дека Касилјас ќе му биде советник на првиот човек на „Карлевите“, Флорентино Перез.

„Моето заминување беше трауматично, но тоа е мојот дом. Тоа беше како развод на брак, имаше грди зборови, но како поминуваше времето, се се смири. Две-три години по моето заминување од Реалимав подобар однос со Перез и тој ми рече дека морам да бидам во клубот. Ќе разговараме сега затоа што Реал е мојата куќа и мојот живот. Флорентино неодамна ме викна и ми рече дека има понуда за мене. Сега кога сум во Мадрид, ќе разговараме“ изјави Касилјас за шпански „АС“.

Scroll to Top