Top Sport

Крај на лудата серија – по 22 години Сан Антонио и Попович без плејоф

По победите на Мемфис гризлис и Феникс санс, Сан Антонио спарс и нивниот тренер Грег Попович останаа без плејоф во НБА лигата, прекинувајќи ја серијата од неверојатни 22 години.

Последен пат, Спарси не беа во плејофот во 1996/97, првата сезона на Попович на клупата на „мамузите“. Оттогаш следуваше фантастичната серија од 22 години плејоф и пет шампионски титули.

Последното „плеј-ин“ место го освоија Портланд трејлбејзерс, откако стигнаа до тесна 134:133 победа над Бруклин нетс предводени од Демијан Лилард и неговите 42 поени. Со овој триумф Портланд го освои осмото место и дуел со Мемфис во плеј-ин серијата.

Откако во претходните два меча постгина по 51 и 61 поен, Лилард им помогна на Портланд (35-39) со 12 поени во последната четвртина, вклучувајќи и една тројка од речиси половина терен. Портланд сега ќе играат со Гризлис во сабота и им е потребна една победа да го обезбедат местото во плејофот. Ако загубат, тимовите ќе играат повторно во недела, а победникот од оваа пресметка ќе играат со првите носители на Западот, Лос Анџелес лејкерс.

Јонас Валанчиунас и Џа Морант имаа трипл-дабл, за Мемфис да стигне до 119:106 победа над Милвоки за да останат „живи“ во сезоната. Гризлис имаат 34-39 скор.

НБА

Портланд – Бруклин 134:133

Мемфис – Милвоки 119:106

Феникс – Далас 128:102

Јута – Сан Антонио 118:112

Вашингтон – Бостон 96:90

Орландо – Њу Орлеанс 133:127

Scroll to Top