Пеп Гвардиола сака да добие неочекувано засилување од Тотенхем откако Манчестер сити почнаа преговори за изненадувачки трансфер на Хери Винкс.
24-годишниот англиски фудбалер од средниот ред има несигурна иднина во Тотенхем под Жозе Мурињо по пристигнувањето на Пјер-Емил Хојбјерг од Саутемптон, и иако потпиша нов петгодишен договор со Спарс минатото лето, трансферот е веројатен, тврди британскиот „Сан“.
Тотенхем обично не ги продаваат своите фудбалери на главните ривали во Премиер лигата, но Мурињо сака да обезбеди средства за сопствени засилувања, и Винкс би можел да добие дозвола да замине за 40 милиони фунти.
Гвардиола го цени Винкс како фудбалер од среден ред од „шпански тип“, со одличен посед на топката.