Top Sport

Велосипедистите со огромни модринки по градот на Дофин

Белгискиот велосипедист Тим Деклерк ги покажа последиците од градот кој ги фати натпреварувачите на втората етапа на Критериум ду Дофин трката во Франција, објавувајќи фотографија од својот  грб на кој имаше неверојатен број на модринки.

Велосипедистите го искачуваа Кол ду Порт, а иако врнеше во текот на целата етапа, најмногу страдаа тие кои завршија далеку од главната група, како Деклерк и Максим Шевалие, кои добија страшни модринки на грбот.

Словенецот Примож Роглич триумфираше на втората етапа и е лидер во генерален пласман пред Французинот Тибо Пино.

Scroll to Top