Top Sport

Суарез гаѓа прецизно за 2-4, веднаш потоа Кимих забива за 5-2

Уругваецот Луис Суарез ја врати Барса во игра во Лисабон, по додавање на агилниот Жорди Алба.

Иако заостатокот се уште е голем, тој со одличен шут на кој му претходеше финта за да се ослободи од својот чувар, во 57 минута го совлада Мануел Ноер за намалување, 2-4.

Има уште доста да се игра, а Баерн во вториот дел го намали темпото.

Веднаш штом Барса доби полет, се понадева дека може да стигне до поповолен резултат, Кимих ги руши надежите. Дејвид одлично се проби, лесно влезе во петерецот, додаде до Кимих на кого не му беше тешко да поентира.

Scroll to Top