Џенифер Брејди ја совлада својата 16-годишна американска сонародничка Коко Гоф со 6:2/6:4 за да се пласира во финалето на Топ сид опен во Кентаки, каде што ќе игра со Швајцарката Џил Тајхман, која претходно со 6:3/6:2 ја „збриша“ Шелби Роџерс, која претеходно ја елиминираше Серена Вилијамс.
25-годишната Брејди пред полуфиналето немаше загубено сет и имаше само 11 загубени гема на турнирот. Таа направи два брејка за 4:1 водство во првиот сет, по што направи брејк и рано во вториот сет за свое прво финале во 2020.
Двете тенисерки немаат ВТА трофеј во својата кариера.