Top Sport

Сидорф изгледа како да е подготвен да се врати во игра!

Кларенс Сидорф, еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација, можеби има 44 години, но изгледа како и во овој момент да е подготвен да влезе во игра во било кој од врвните тимови.

Сидорф е единствениот фудбалер кој освоил титула од Лигата на шампионите со три клуба – со Ајакс (1995), Реал Мадрид (1998) и Милан (2003, 2007), по што имаше не многу успешна тренерска кариера.

Холанѓанецот во 2014 беше донесен како тренер на својот стар клуб Милан, но беше отпуштен по помалку од шест месеци, по што во 2016 беше тренер на кинескиот Шенжен, во 2017 тренер на бразилскиот клуб Атлетико Паранаенсе, а во 2018 на Депортиво Ла Коруња и никаде не траеше повеќе од шест месеци. Во август 2018 беше именуван за селектор на Камерун, но беше отпуштен во јули 2019 по разочарувачкиот настап на Африканскиот куп на нации.

Scroll to Top