Синоќа Манчестер Сити загуби со 3-1 од Лион и беше елиминиран од ЛШ. Мечот беше одлучен во 79 минута кога напаѓачот на францускиот тим, штотуку влезениот Муса Дембеле погоди за 2-1, а истиот играч во 87 гаѓаше за конечни 3-1.
Моментот кој му претходеше на првиот од двата гола на Дембеле беше најконтроверзниот детал на мечот.
Во ВАР собата се прегледуваше снимката и беше одлучено дека напаѓачот на Лион при налетот кон голот на Сити не направил прекршок врз противничкиот играч Ајмерик Лапорт. Судиите проценија и дека Карл Токо-Екамби кој очигледно беше во офсајд, а топката му помина низ нозете, не ја допрел и не влијаел на акцијата на Лион.
Во трк, Дембеле го оттурна физички послабиот Лапорт по што дефанзивецот на „граѓаните“ падна, па голгетерот доби отворен простор кон голот на Едерсон и реализираше.
„Да бидеме на чисто, нема да се кријам. Фудбалер сум, но пред се сум човек. Сите направивме грешки на овој меч и јас ќе го преземам својот дел од одговорноста за лошата игра на екипата. Но оваа одлука е тешко да се прифати, пред се затоа што е клулен меч, и тоа со помош на ВАР“ – рече Лапорт по мечот.