На денешен ден пред точно 12 години, во Пекинг на Олимписките игри во финалето на 100 метри делфин главни ривали беа американскиот пливач, Мајкл Фелпс и српскиот пливач, Милорад Чавиќ.
По 50 метри од трката се чинеше дека Србинот лесно ќе го совлада противникот, сепак Американецот во втората половина од трката тргна фуриозно и на крај стигна до победата. Барем така кажува „Омега“ технологијата.
Гледајќи ја телевизиската снимка, делуваше дека Чавиќ прв стигнува до целта, меѓутоа конечната одлука беше златото да му припадне на Фелпс со една стотинка побрзо време.
Информацијата која тогаш се појави беше дека српскиот пливач не ја притиснал доволно силно таблата која е закачена на крајот на базенот, па затоа Фелпс се закити со златното одличје.
Американецот на таа Олимпијада освои уште 7 златни медали. Тој е најуспешниот олимпиец во историјата со 28 одличја.
Погледнете ја повторно трката пливана пред 12 години: