Со денешните 4 натпревари се комплетираше второто коло во ПМФЛ.
Најинтересен беше дуелот во Струмица каде домаќинот Академија Пандев загуби од актуелниот шампион Вардар со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на „црвено-црните“ беше Дејан Блажевски од белата точка во 77 минута.
Инаку на мечот беа покажани два црвени картони, по еден во двата тима. Најпрво во 65 минута „поцрвене“ домашниот голман Алчевски, а во 93 минута предвреме натпреварот го заврши и Попзлатанов.
Во Тетово, екипата на Шкендија дојде до победа против Струга Трим Лум од 2-0. Стрелци на головите за домашната екипа беа Тотре во 38. и Дориев во 92 минута.
Во Велес, Борец и Ренова ги поделија бодовите, мечот заврши 1-1.
Поведе домаќинот со голот на Радовиќ во 40 минута, а конечниот резултат го постави Стоименовски, постигна автогол во 89 минута.
На стадионот во скопски Чаир, Шкупи со 3-1 славеше против Македонија ЃП. Стрелци за головите за домашната екипа беа Јусуфи (4 минута), Дарбо (пенал 76) и Дик во 93 минута.
Единствениот гол за гостите беше дело на Емини во 54 минута.
Второ коло, ПМФЛ:
Академија Пандев – Вардар 0-1
Борец – Ренова 1-1
Шкендија – Струга Трим Лум 2-0
Шкупи – Македонија ЃП 3-1
Вчерa:
Работнички – Беласица 2-0
Завчера:
Силекс – Пелистер 2-2
По две одиграни кола, дури 5 екипи се изедначени на врвот на табелата со по 4 бода, а единствени без бодови во воведните мечеви се струмичките екипи, Академија Пандев и Беласица.