Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори е позитивен на коронавирус поради што ќе го пропушти мастерс турнирот во Синсинати кој годинава ќе се одржи во Њујорк, непосредно пред САД опен.
Нишикори во соопштението до јавноста наведе дека се чувствува добро и има минимални симптоми.
„Имам лоши вести. Утринава во Флорида бев тестиран за Ковид 19 и резултатот беше позитивен. Ќе морам да се повлечам од турнирот во Синсинати. Очигледно, ќе морам да бидам во потполна изолација поради безбедноста на останатите“ – напиша Нишикори кој моментно е 30-ти на АТП листата.
Турнирот во Синсинати е од 20. до 28 август, додека САД опен е на програмата од 31. август до 13. септември.