Top Sport

Каталонија се тресе, Меси си оди од Барса по 20 години?

Се уште не се смирија страстите во Барселона по дебаклот од Баерн Минхен од 8-2, а во Каталонија се појави нова, ударна вест – „Лео Меси ја напушта Барселона по 20 години“.

Светските медиуми пишуваат дека Аргентинецот од челниците на клубот побарал да си оди од „Ноу Камп“.

Информациите се дека катастрофата против Баерн „ја прелило чашата“. Меси, наводно разговарал со челниците на клубот и им наговестил дека не сака да остане во клубот. Моментните резултати и неизвесната судбина го натерало на тоа.

Се уште не е познато каде Аргентинецот би ја продолжил кариерата, се споменуваат Манчестер Сити и Интер, но сето тоа е во доменот на шпекулацијата.

Меси е „дете“ на Барселона. Во Каталонија дојде уште во 2001 година, како 14-годишник, а во 2004 година дебитираше за првиот тим.

До сега во дресот на Барса одигра 485 меча и постигна 444 гола.

Scroll to Top