Легендарниот Валентино Роси (41) помина во многу опасна ситуација, а денешниот инцидент на „Ред бул ринг“ сигурно долго ќе ја памети.
Во текот на трката во Австрија на еден свиок по судирот меѓу Франко Морбидели и Жоан Зарко, нивните мотори „прелетаа“ меѓу Роси и Шпанецот Маверик Винаљес
what the fuck #motogp pic.twitter.com/20cTCJcosq
— Mattzel89 (@Mattzel89) August 16, 2020
Роси не победи на трката, но тоа не беше толку важно, сите по трката зборуваа за него, а тој беше видно шокиран.
„Овој спорт е навистина опасен. Видов сенка и помислив дека е хеликоптер, но тоа беа двата мотори. Ангели го чуваа Мото ГП и за нас направија добра работа. Беше многу опасно“ рече Роси по трката.