Top Sport

Струга 2020: Битолски Еурофарм Пелистер го среди скопски Вардар, 26-23

Битолски Еурофарм Пелистер со 26-23 вечерва славеше против скопски Вардар во финалниот меч од ракометниот турнир Струга 2020.

Во првото полувреме двете екипи имаа расположени стрелци, се играше изедначен ракомет, па затоа на одмор се замина со 13-13.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер почна да се одлепува, „црвено-црните“ не успеваа да парираа, па на средината од вториот дел екипата од Битола имаше +4 21-17.

Неколку промашени зицери за европскиот шампион го чинеа пораз од 26-23 пред официјалниот почеток на сезоната.
Тимот од Битола дојде до 12-тиот пехар на турнирот во Струга.

Финишот на мечот ја расипа ракометната претстава, настана мешаница на теренот, па црвени картони кај Вардар добија Талески и Стоилов, а кај Еурофарм Пелистер поцрвене Кушан.

За најдобар голман на струшкиот турнир беше прогласен Градимир Чаневски. За МВП на Струга 2020 беше прогласен Хрватот Стипе Мандалиниќ, а најдобар стрелец беше Тимур Дибиров.

Scroll to Top