Џирона и Елче се шпанските второлигаши кои ќе се борат за последното место кое идната сезона води во елитната Ла Лига. Доцна синоќа двата тима беа подобри нагости од Алмерија и од Сарагоса.
Иако многумина мислеа дека Сарагоса, која беше третопласирана во регуларниот дел од сезоната е најблиску до учество во првата лига, сепак ситуацијата ја прокоцка играчот од средниот ред Чави Рос.
Откако Елче со голот на Нино поведе на мечот во 81 минута, Сарагоса доби пенал во 87 минута. Рос го изведе ударот. Се обиде со популарната „паненка“, но противничкиот голман го „прочита“ и пропадна надежта за Сарагоса по што доживеаја елиминација во баражот.
Погледнете:
El @RealZaragoza después del parón del Coronavirus queda resumido perfectamente en este penalti lanzado por Javi Ros. Una pena que un equipo histórico siga otro año más en 2°División. pic.twitter.com/wLlkKYr8qy
— ?⚪ (@jperyim) August 16, 2020