Top Sport

Фановите на Џенова решија-Горан Пандев е најдобар играч минатата сезона

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (37) одигра одлична сезона во калчолигашот Џенова, успеа со своите игри тимот да го задржи во елитното италијанско друштво и во наредната сезона.

„Гранде Пандев“ сезоната 2019/2020 ја заврши со 9 постигнати гола што за него е рекорд, ако се земат во предвид последните 11 години во Серија А.

Пандев имаше и неколку одлични асистенции, па се чини со право е избран од фановите за најдобар фудбалер на Џенова во изминатата сезона.


Изборот го спроведе „Планета Џенова 1983“, а фановите најголема поддршка му дадоа токму на Пандев. Струмичанецот собра 5.024 гласови.

На второто место беше Антонио Санабрија со 3.252 гласа, додека трет беше Ласе Шене со 2.783 гласа.

Scroll to Top