Top Sport

Рускиот кревач ги покажа страшните последици по кршењето на колената (вознемирувачко)

Рускиот шампион во кревање товар (пауерлифтинг), Александер Седих ги сподели фотографиите по операцијата по страшните повреди кои ги доби на Европското првенство минатата недела.

Седих доби скршеница на двете нозе при обидот да крене 400 килограми, во едно од најзастрашувачките видеа кои сме ги виделе. Нозете на Седих потклекнаа под силниот притисок и сега тој ќе мора да помине неколку месеци во кревет и да научи да оди повторно.

„Сакам денеска да е пресвртница во моето опоравување. За 10 дена ќе излезат конците и ќе биде полесно. Морам да лежам во кревет барем два месеци, а потоа да учам да одам повторно. Ми ги сошија квадрицепсите и ми ги вратија колената на место“, вели Седих, кој инаку е актуелен европски шампион.

 

Страотна сцена–тргна да крева 400 килограми, па ги скрши двете колена!

Scroll to Top