Барселона преку официјално соопштение потврди дека го отпуштиле тренерот Кике Сетиен, како дел од „широкото реструктуирање“ на првиот тим на каталонскиот гигант, кое беше неизбежно по понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Бордот на директори на Барселона потврди дека Сетиен заминува како прва од повеќето мерки кои се договорени со техничкиот тим и со идниот тренер, кој ќе биде потврден во следните неколку дена, а за кој шпанските медиуми тврдат дека е поранешниот играч, Роналд Куман.
Кике Сетиен стана тренер на Барселона на 13 јануари и во седум месеци на чело на тимот имаше 25 натпревари за тимот – 19 во лигата, 3 во Лигата на шампионите и 3 во Копа дел реј, од кои победи во 16, одигра нерешено во четири и загуби во пет натпревари.
Барселона исто така потврди дека следните избори за нов претседател на клубот, наследник на Жосеп Марија Бартомеу ќе се оддржат на 15 март 2021 година.
Заврши тричасовниот состанок во Барса, се чека промоција на Куман