Top Sport

Дончиќ пишува историја во НБА, се смести веднаш зад Меџик и Леброн

Малкумина беа оние кои веруваа дека Лука Дончиќ ќе може да има толку големо влијание во НБА лигата.

По својот прв меч од НБА плеј-офот со Далас веќе стана рекордер во лигата со најмногу поени (42) на дебито, а освен тоа стана и четврти (односно трет, затоа што еден играч е двапати на листата) најмлад играч со повеќе од 40 поени во плеј-офот. Пред него се Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.

Лука рекордот го постави со 21 година и 171 дена, додека на Џонсон тоа му успеа со 20 години и 276 дена.


Еве како изгледаше синоќешната симултанка на Словенецот која за жал не беше крунисана со победа на „телињата“:

Scroll to Top