Белгискиот голгетер Ромелу Лукаку испиша историја во Лига Европа со победата на Интер со 5-0 против Шахтјор Доњецк во полуфиналето на ова натпреварување. Лукаку стана првиот играч кој постигнал барем по еден гол на 10 меча во низа во ова натпреварување, инаку неговиот учинок е дури 18 гола на десетте меча.
???????! Lukaku has scored in a record 10 consecutive UEL games! ???#UEL pic.twitter.com/O5WaHtt0zk
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) August 17, 2020
Сепак, Белгиецот вели дека рекордите не му се на прво место.
„Се оди добро во овој момент. Убаво е да се рушат рекорди, но на крај на се ние овде дојдовме да победуваме. Играме против екипа која е фаворит“ рече белгискиот ас пред финалето со Севилја.
По рекордот во ЛЕ, Лукаку е близу да го сруши и клупскиот рекорд. Со 33 гола за Интер сезонава стигна само на еден гол од рекордот на Бразилецот Роналдо во дебитантската сезона 1997/98.
Со еден гол против Севилја во финалето Лукаку ќе го стигне тој рекорд, а со 2 веќе ќе го надмине.
„Екипата работи добро, сите сакаме да го дадеме најдоброто. Напорно работевме на тренинзите. Беше тешко, но ги гледаме резултатите од тоа“ рече Лукаку.