Наредниот петок е планиран почетокот на новата сезона во француската фудбалска Лига 1, а уште од сега е најавено дека еден дуел ќе се одложи.
Првенството требаше да се отвори со мечот Марсеј – Сент Етјен, но нивниот дуел е одложен затоа што дури четворица фудбалери на Олимпик е позитивни на коронавирусот.
Три случаи биле откриени минатата недела, а еден е од претходно. Информациите се дека заразени со вирусот се Стив Манданда, Валентан Ронжие и Максим Лопез.
Во целата прва лига има дури 37 играчи кои се заболени од Ковид 19, а правилата се такви во Франција што дуелот се одложува ако во еден клуб има најмалку четворица заразени.
Тестовите покажале дека во 11 клубови има заразени со вирусот.
#OMASSE va être reporté à une date ultérieure. Avec 4 cas confirmés de Covid 19, l’#OM entre dans le cadre du report en raison du protocole sanitaire. #RMCsport
— Mohamed Bouhafsi (@mohamedbouhafsi) August 18, 2020