Top Sport

Беговиќ останува во Милан, Пепе Реина ќе потпише со Астон Вила

Босанскиот голман Асмир Беговиќ ќе остане во редовите на Милан и во новата сезона откако со своите настапи ги убедил челниците на клубот да го задржат, пишуваат италијанските медиуми.

Поранешниот шпански чувар на мрежата, Пепе Реина вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во премиерлигашот Астон Вила. Сега позајмицата ќе се претвори во траен трансфер, пишува „Тутоспорт“. Договорот на Реина со „Росонерите“ е до летото 2021 година.

Зимоска тој го напушти „Сан Сиро“, а Беговиќ дојде на неговото место, на позајмица од Борнмут.

Управата на Милан меѓу двајцата голмани се одлучи за Босанецот, чиј договор ќе го откупи од сега веќе второлигашкиот клуб од Англија.

Од почетокот на годинава Беговиќ имаше само два настапи за Милан, против Фиорентина кога во првото полувреме го замени повредениот Донарума. Настапи и на мечот против Џенова, пред првата „единица“ на „црно-црвените“ да се врати меѓу стативите.

Беговиќ на тие два меча прими 3 гола, а на нив Милан освои само 1 бод.

Scroll to Top