Нејмар би можел да го пропушти финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Светските медиуми пипуваат дека тој ќе биде казнет од УЕФА бидејќи ги прекршил здравствените протоколи.
Бразилецот по полу-финалниот меч со Лајпциг го разменил дресот со Марсел Халсренберг. УЕФА во својот здравствен протокол донесен кој важи на завршниот турнир во Лисабон го забранува ова, предвидена е суспензија од еден натпревар и 12 дневен карантин.
Доколку УЕФА се држи до својот правилник и го суспендира Нејмар тоа ќе биде голем удар за ПСЖ.
Нејмар во кариерата во Лигата на шампионите има одиграно 59 натпревари, постигнал 35 гола и забележал 24 асистенции.
Neymar Jr – Marcel Halstenberg #UCL pic.twitter.com/WvjabjgO2z
— ? (@UCLUEL00) August 18, 2020