ПСЖ синоќа лесно преку Лајпциг избори пласман во своето прво финале во Лигата на шампионите. „Светците“ го поразија Лајпциг со 3:0 што само ја покажува немоќта на германскиот тим чии играчи направија дури 34 прекршоци.
Честите прекршоци што ги правеа играчите на Лајпциг го налутија тренерот на ПСЖ Томас Тухел, кој во еден момент имаше вербална расправија со колегата од другата страна Јулијан Нагелсман. Во расправијата се вклучил и кондицискиот тренер на Лајпциг Даниел Белау.
Тухел го чекла крајот на мечот, а потоа со навредливи зборови му се обратил на Белау, дури и му се заканил со патерицата со чија помош се движи поради повредата на метатарзалната коска.
По инцидентот Наглесман на новинарите им рекол дека Тухел имал право да се лути бидејќи неговите играчи играле грубо.
What has RB Leipzig fitness coach Daniel Behlau done to anger Thomas Tuchel? ?#Club2020 pic.twitter.com/UrCWEmWXbO
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 18, 2020