Top Sport

Сите го потпишале „Конкорд“ договорот

Сите десет тимови во Формула 1 се обврзале дека ќе учествуваат во ова натпреварување до 2025 година.

Ферари, Вилијамс и Мекларен вчера го потпишале договорот, а денес Формула 1 соопшти дека истото го направиле и останатите седум екипи.

„Договорот ќе обезбеди долгорочна одржлива иднина на Ф1 и во комбинација со новите правила кои ќе започнат да се применуваат од 2022 година ќе добиеме поголема неизвесност на патеките. Со неизвесни и израмнети трки ќе привлечеме уште повеќе навивачи кон нашиот спорт“, стои во соопштението што го објави Формула 1.

Од 2022 година во Ф1 ќе бидат значително намалени финансиските разлики меѓу тимовите.

Формула 1 досега потпишале седум вакви договори со тимовите, првиот е потпишан во 1981, а последниот во 2013 година.

Scroll to Top