Top Sport

Реал го испрати Рениер во Дортмунд

Рениер Жесус од Реал Мадрид се пресели во Борусија Дортмунд. Двата клуба се договориле младиот Бразилец во наредните две сезони да настапува како позајмен фудбалер во тимот на Борусија.

Рениер има 18 години, на почетокот на годината тој од Фламенго се пресели во Реал за 30 милиони евра. Изминатиот период тој настапуваше за Б-тимот на Реал. Наредната сезона поради ограничениот број на странци за него нема да има место во тимот на Реал.

„Кралскиот клуб“ поради тоа реши да го испрати на позајмица каде ќе собира искуство. Нешто слично Реал пред две години направија со Ашраф Хакими, кого минатиот месец за 40 милиони евра го продадоа во Интер.

 

Scroll to Top