Top Sport

Во соблекувалната на Јунајтед долго се зборувало за Златан

Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште се восхитени од Златан Ибрахимовиќ и по неговиот краток престој на „Олд Трафорд“ открива голманот на „ѓаволите“, Ли Грент.

Ибрахимовиќ пристигна во Манчестер како слободен фудбалер летото 2016 година и постигна 29 гола во 53 настапи за „ѓаволите“, пред во март 2018 година да замине во Лос Анџелес галакси. Грент пристигна во клубот четири месеци подоцна, така што немаше шанса да игра со Швеѓанецот, но вели дека неговото влијание се чувствувало во клубот.

„Во првите неколку месеци, додека се навикнував, само слушав приказни за Златан. Момците не сопираа со зборување за него. ’Се сеќавате кога златан го направи тоа’. ’Се сеќавате на тој тренинг со кунг-фу ударот’. Си помислив што е ова со Златан? Потоа се сретнав со него на турнејата низ САД, но само на 5-10 минути, но беше интересно да се види како момците зборуваат со него. Големи ѕвезди, барем за мене, го гледаат него како крал. Штета што не игравме заедно“, вели Грент.

Scroll to Top