Top Sport

УЕФА нема да ја откаже Лигата на нации

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека според предвиденото ќе се игра новата сезона во Лигата на нации. Одлуката е донесена по низата консултации во текот на вчерашниот и денешниот ден. Попладнево УЕФА на нова седница ќе ги регулира здравствените протоколи за натпреварите кои ќе се играат во септември.

Изминатите денови се шпекулираше дека УЕФА ќе го одложи почетокот на Лигата на нации, особено откако ФИФА ги откажа сите активности на репрезентациите надвор од Европа.

Сепак по консултациите со своите членки УЕФА објави дека натпреварувањето нема да биде откажано.

Најголемите фудбалски сојузи вршеле притисок Лигата на нации да не се игра, меѓутоа оваа идеја не го добила потребниот број на гласови.

Македонија во новата сезона во Лигата на нации се наоѓа во Ц-сегментот. Во Групата 2 противници на Македонија ќе бидат Ерменија, Естонија и Грузија.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 5 септември во Скопје против Ерменија.

Scroll to Top