Килијан Мбапе вели дека ги чувствува истите вибрации како пред финалето на Светското првенство во Русија во 2018, кога со Франција ја освоија светската титула, откако Пари Сен-Жермен се пласираа во првото финале на Лигата на шампионите во својата историја.
По убедливата 3:0 победа над РБ Лајпциг на „Естадио да Луж“ во Лисабон во вторникот, Мбапе вели дека се чувствува исто како во Русија пред две години.
„Чувствувам исти вибрации бидејќи успеавме да направиме група каде што сите ја знаат својата вредност и ја вршат својата работа. Се дружиме многу и надвор од теренот, можеби премногу за некои луѓе, но така се освојуваат титулите. Кога се повредив против Сент-Етјен мислев дека Лигата на шампионите е само сон за мене. Но, пред мечот сакав да бидам дел од групата дури и да не играм“, вели 21-годишниот Мбапе.