Top Sport

Суарез: Немам намера да го напуштам клубот

Фудбалскиот клуб Барселона во преодниот рок целосно ќе го реконструира тимот. Според медиумите речиси сите играчи се на продажба, а меѓу играчите кои се ставени на трансфер-листата се наоѓа и Луис Суарез. Уругваецот сепак има поинакви планови, нема намера да го напушта тимот.

„Ова лето нема да заминам. Мислам дека нема потреба да се докажувам и дека заслужувам да бидам во првиот тим“, рекол напаѓачот.

Суарез во Барселона пристигна во 2014 година од Ливерпул, за „блауграна“ има одиграно 283 натпревари, постигнал 187 голови. Со клубот освоил четири трофеи во Ла Лига, исто толку во Купот на Кралот, а во 2015 година ја освоил и Лигата на шампионите.

Минатата сезона во која Барселона не освои ниту еден трофеј постигна 21 гол. Медиумите тврдат дека тој ќе мора да замине доколку Барселона успее да го реализира трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер.

Се шпекулира дека за него се заинтересирани Ајакс и Јувентус.

Scroll to Top