Златан Ибрахимовиќ и во наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. „Скај Спорт Италија“ објави дека двете страни наскоро ќе објават дека постигнале договор.
Според овој извор поранешниот репрезентативец на Шведска годишно ќе заработува помеѓу 5.000.000 и 7.500.000 евра.
Ибрахимовиќ на почетокот на годината се врати во Милан од Лос Анџелес Галакси. Тој одигра 20 натпревари на кои постигна 11 голови.