Првите брзински трки од Светскиот куп во алпско скијање во Северна Америка нема да се оддржат оваа сезона поради корона вирусот, потврди Светската скијачка федерација (ФИС).
Првите спустови во машка и женска конкуренција во Лејк Луис, Канада и Бивер Крик, САД се откажани заедно со техничките трки во Килингтон, САД. Европските трки засега остануваат на календарот, со старт на 17 и 18 октомври со велеслаломските трки во Зелден, Австрија.
Лејк Луис требаше да има машки спуст и супер-џи од 25 до 29 ноември, а дамите требаше да скијаат во Канада следниот викенд со спуст и супер-џи. Бивер Крик требаше да има три трки – машки спуст, супер-џи и велеслалом од 1 до 6 декември.
Откажаните трки ќе бидат „додадени“ на европскиот календар – Вал Д’Изер ќе има дополнителен спуст и супер-џи во декември, а жените ќе имаат дополнителни трки во Сент Мориц на 5 декември.