Серж Гнабри стана „ѕвер“ оваа сезона, негова најдобра во кариерата само поради советите на тренерот Ханси Флик, вели легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан.
25-годишниот Гнабри, кој во Арсенал беше „отпишан“ како недоволно добар, има фанатастична сезона во која имаше 23 гола и стана клучен играч на Баварците и на германската репрезентација. Гнабри постигна два гола при 3:0 победата над Лион. Кан вели дека рецептот за успех е едноставен.
„Тој е фудбалер кој имаше неверојатен развој последните неколку месеци. Мислам дека уште не е блиску до врвот, но е навистина добар и знае да биде одлучувачки фудбалер. Најмногу заслуга има тренерот, а комуникацијата е најсилната страна на Ханси Флик. Тој знае како да ракува со различни фудбалери, секогаш да го најде вистинскиот збор. Како тренер, знае да го препознае карактерот на фудбалерот и затоа е успешен“, вели Кан.