Top Sport

Лопетеги ги фалеше Јунајтед, па ги елиминираше, сега ги фали Интер…

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги пред да ги елиминира Манчестер јунајтед со 2:1 победа во полуфиналето на Лига Европа изјави дека англискиот клуб е „најголемиот на светот“, а сега пред утрешното финале против Интер го испофали тренерот Антонио Конте и „нераѕурите“.

Лопетеги вели дека очекува малку шанси за гол против Интер, и посочи дека неговиот тим ќе пристапи кон мечот со „скромност и почит“.

„Интер се целосно комплетен тим, како сите тимови на Антонио Конте. Способни се во нападот, а знаат да играат одбрана и да дозволат малку шанси. Ние ќе влеземе во мечот како и секогаш, со солидна тимска игра. Влегуваме во мечот со скромност и почитување. Свесни сме дека секој детаљ е важен. Конте е голем тренер кој го наметнува својот менталитет на секој тим. Интер се полни со фудбалери кои можат да ја освојат Серија А, и тоа е реалноста“, вели Лопетеги.

Лопетеги: Манчестер јунајтед се најголемиот клуб на светот

Scroll to Top