Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека е „вистински неуспех“ што тимот на Пари Сен-Жермен уште го нема освоено трофејот од Лигата на шампионите, посебно со парите кои ги потрошија на фудбалери во последната деценија.
ПСЖ ќе го играат своето прво финале во ЛШ во историјата против Баерн Минхен во недела, конечно, исполнувајќи го потенцијалот кој го имаа по пристигнувањето на катарските инвеститори на „Паркот на принцовите“ во 2011 година. Пред оваа сезона тие немаа минато четврт-финале на ЛШ со најдобар резултат во 1994/95, кога стигнаа до полуфиналето на Европскиот куп.
Мурињо признава дека тимот на Томас Тухел има „генијален потенцијал“, но дека поминало премногу време за европски успех.
„Мислам дека е неуспех што немаат освоено титула пред неколку години, бидејќи инвестициите во шест-седум години беа неверојатни. Колку сезони е таму Тијаго Силва, Маркињос, а и големите момци како Златан, Кавани, Нејмар, Мбапе? Секако, тие сонуваат за титула, а ЛШ е натпреварување каде што такви ѕвезди го покажуваат најдоброто. Иако Баерн се голем и навистина силен тим, мислам дека Париз може да биде многу опасен“, вели Мурињо.