Top Sport

Вечниот Хесус Навас – со Севилја освои УЕФА куп во 2006 и Лига Европа во 2020!

Хесус Навас Гонзалез е вечен! 34-годишниот ветеран на Севилја денеска се закити со трофејот од Лига Европа, откако во далечната 2006 година со андалузискиот клуб ја освои титулата од УЕФА купот, натпреварувањето кое подоцна се трансформираше во Лига Европа, што претставуваше прва интернационална титула за Севилја.

Тој поголемиот дел од својата кариера го мина во Севилја со над 550 официјални натпревари, а од 2013 до 2017 година играше за Манчестер сити, со кои ја освои и Премиер лигата, а беше и дел од шпанската репрезентација која го освои СП во 2010 и Европското првенство во 2012.

„Нашиот тим го заслужува овој трофеј. Се боревме цела сезона со многу тешкотии, а поради корона кризата одевме ден по ден. Фановите го заслужуваат овој трофеј и мораме да уживаме со нив. Да се крене трофејот како капитен на Севилја за мене е бесценето, посебно за пријатели кои веќе не се тука, како Хозе Антонио Рејес“, изјави Навас по мечот.

Scroll to Top