Новиот тренер на Барселона Роналд Куман му соопштил на Артуро Видал дека може да си бара нов клуб.
Претпладнево водечкиот спортски медиум во Каталонија „Спорт“ објави дека Куман имал состанок со репрезентативецот на Чиле на кој му ја соопштил одлуката.
Настрана од новинарските шпекулации, Видал е првиот играч на Барселона во ерата на Куман на кој му е соопштено дека неговите услуги повеќе не му се потребни на клубот.
Во зимскиот преоден рок Видал се поврзуваше со Интер, меѓутоа медиумите не ја исклучуваат можноста тој да се врати во Јувентус.