Интер наскоро може да остане без тренерот Антонио Конте, но и без директорот на клубот Пјеро Аузилио, кој размислува да ја прифати понудата на новите газди во Интер.
Конте ќе оди на преговори со претседателот на клубот Стивен Жанг, директорот Бепе Марота и Аузилио во вторникот, откако постојано бараше промени во водењето на клубот за да остане на клупата, по што италијанските медиуми тврдат дека тој веќе донел одлука да замине од клубот.
По 3:2 поразот во финалето на Лига Европа од Севилја во петокот, Интер има малку време за подготовки за новата сезона во Серија А. Според „Скај спорт Италија“, Аузилио, кој е во тимот веќе 15 години и има договор до 2022 година е импресиониран од проектот на Рома, а исто така има „незгодни“ односи со Конте.
Интер засега тврдат дека сакаат Конте да ги продолжи со одличната работа откако завршија само еден поен зад Јувентус, откако во 2019 година заостануваа дури 21 поени, но Конте сака поголема поддршка од клубот во медиумите. Тој признава дека во јануари не сакал да го донесе Кристијан Ериксен, туку сакал играч од типот на Артуро Видал, кој е поприкладен за неговата 3-5-2 формација.
Но, дипломатијата никогаш не била најсилна страна на Конте и останува да се види дали ќе ја заддржи својата смиреност во вторник.