Top Sport

Левандовски – полскиот „убиец“ кој има бизарни „рецепти“ за успех

Пеп Гвардиола порано го опиша Роберт Левандовски како „најпрофесионален фудбалер на светот“, човек кој секогаш размислува за вистински начин на исхрана, спиење и тренирање.

32-годишниот Полјак, кој постигна неверојатни 55 голови оваа сезона, се трансформираше во еден од најдобрите напаѓачи во неговата генерација, но со помош на неговата сопруга, поранешната карате шампионка Ана.

Еден начин на кој ја оддржува оваа форма е јадењето на десертот пред главното јадење со цел да се согори благото јадење и да се спречи мешањето со протеините кои се јадат подоцна. Потоа, по консултации со специјалисти за спиење, Левандовски спие само на левата страна за да ја сочува својата посилна десна нога.

Потоа, Левандовски по совет на сопругата, наместо да чита книги го тренира својот мозок со видео-игри, а суеверието да ја облекува левата копачка прва пред секој меч е добро промислено и доаѓа по разговор со психолог кој му советувал сите ритуали пред мечот да се извршуваат по одреден редослед.

За разлика од Кристијано Роналдо или Лео Меси, Левандовски не е човек роден со огромен талент. Тој не беше повикуван во јуниорските селекции на Полска и за разлика од Роналдо и Меси, тимот никогаш не бил граден околу него. Сегашната форма е само резултат на напорната и добро промислена работа, како и работата со специјални тренери како Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Јуп Хајнкес и секако, сегашниот Ханси Флик.

На свој начин, Левандовски се трансформираше во напаѓачки феномен, кој знае да игра од страните, во средината и секако, во шестнаесетникот. Вечерва ќе има шанса да биде херој на Баварците.

Scroll to Top