Лориен се врати во Лига 1 по три години со импресивна 3:1 победа над Стразбур, додека на нивните стари ривали од Бретања, тимот на Брест не им тргна добро во елитата, откако беа поразени со 4:0 од Ним.
Шахири ги донесе гостите од Стразбур во водство по половина час игра, резултат со кој се отиде на полувреме, пред Виса Јуане, Адријан Грбиќ и Пјер-Ив Амел да направат пресврт во второто полувреме.
Во Ним пак, Брест примија гол уште во осмата минута и до крајот на мечот добија уште три парчиња најавувајќи дека се први кандидати за враќање во Лига 2 по една сезона.