Top Sport

Вињалес за скокот од мотор при 215 км/ч: Сопирачките ми експлодираа!

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес вели дека никогаш досега во неговата кариера не му се случило нешто слично како на неделната трка во Австрија, откако сопирачките му откажаа при 200 км/ч  и тој скокна од мотоциклот.

Возачите на јапонскиот производител имаа проблеми со сопирачките во текот на двата тркачки викенди на Ред бул ринг, но инцидентот на Вињалес беше шокантен.

„Бев многу брз, се чувствував одлично во првите кругови, го ’бркав’ Довициозо, но не успеав да го поминам долго време. Чекав да влезам во ритам и да останам пред него кога го претекнав, но почнав да го губам притисокот во сопирачката, но одеднаш на една кривина експлодираше и не знаев што да правам и морав да скокнам. Не сум имал вакво искуство никогаш“, вели Вињалес.

Вињалес со бизарен пад, мотоциклот се запали и предизвика прекин на трката во Шпилберг

Scroll to Top