Top Sport

Пјаниќ со позитивен тест на корона вирус

Новото засилување на Барселона, Миралем Пјаниќ има позитивен тест на КОВИД-19 пред стартот на кариерата во новиот клуб.

Каталонскиот клуб потврди дека Пјаниќ имал дел од симптомите и дека по тестот се покажало дека е позитивен на 22 август. Ова значи дека босанскохерцеговскиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Јувентус ќе мора да остане во самоизолација следните 15 дена и нема да може да почне со тренинзите на клубот.

Пјаниќ ќе почека пред патувањето во Шпанија, откако летото го поминал на одмор во Порто Серво на Сардинија, што стана нов епицентар на корона вирусот поради тоа што се работи за популарна туристичка дестинација, посебно кај фудбалерите.

30-годишниот Пјаниќ го комплетираше трансферот од 60 милиони евра како дел од замената на двата клуба со Артур Мело.

Scroll to Top