Андер Ерера, играчот на ПСЖ, со кратка изјава открил како се чувствуваат сите во клубот по поразот од Баерн во финалето на Лигата на шампионите. Синоќа во Лисабон, Баерн го победи ПСЖ со 1:0, со голот на Кингсли Коман играч кој потекнува од академијата на „светците“.
Андер Ерера бил лут поради начинот на кој тој и неговите соиграчи го одиграле финалето, а посебно ги издвоил промашувањата на Нејмар и Мбапе, во моментите кога резултатот беше 0:0.
„Се чувствуваме како го..а. Сепак мораме да разбереме дека направивме голема работа. Нема да го отфрлиме се она што го постигнавме сезонава…Имавме многу шанси, повеќе шанси од Баерн, но кога во ваков натпревар нема да постигнеш гол…“, рекол Ерера.
Шпанецот во својата прва сезона по трансферот од Манчестер Јунајтед со ПСЖ ги освои сите четири трофеи во Франција, меѓутоа не и најзначајниот кој е желба на сопствениците на клубот.