По поразот од Баерн Минхен, Нејмар на социјалните мрежи им ја честитал победата на противниците и светот му покажал дека не го знае името на клубот кој синоќа шести пат стана европски првак.
„Поразот е дел од спортот. Напорно работевме и се боревме до крај. Ви благодарам на поддршката. Честики до Баер“, напишал Нејмар, но заборавил да стави уште една буква во името на тимот кој со победата над ПСЖ ја освои Лигата на шампионите.
Администраторите кои се задолжени за „Твитер“ профилот на Баер Леверкузен веднаш му одговориле.
„Ти благодариме Нејмар! не знаеме зошто ни честиташ, ние сме на одмор и ја играме играта на ФИФА…но сепак ти благодариме“.
Perder faz parte do esporte, tentamos de tudo, lutamos até o final. Obrigado pelo apoio e carinho de cada um de vocês ?? e PARABÉNS ao BAYER ??
— Neymar Jr (@neymarjr) August 23, 2020