Top Sport

По легалната битка, Манчестер сити сака помирување со УЕФА

Претседателот на Манчестер сити, Халдун Ал-Мубарак вели дека клубот сака да гради „конструктивен однос“ со УЕФА по крајот на легалната битка околу прекршувањето на финансискиот ферплеј.

УЕФА им одреди двегодишна суспензија на Сити од европските натпреварувања поради лажирање на сметките од спонзорите на клубот, но Сити успеа да ја „турне“ оваа одлука пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС). Сити, сепак, беа казнети со 10 милиони евра поради слаба соработка со истрагата на УЕФА.

Сити постојано реагираа со лути соопштенија против УЕФА, но сега Ал-Мубарак вели дека работите мораат да одат во позитивен правец.

„Животот е прекраток да се лутиме. Се работи за важно натпреварување, едно од најпрестижните на светот и сакаме евентуално да станеме шампиони таму и мораме да го почитуваме. Приказната е зад нас и сега сме фокусирани на нашата работа. Сакаме да имаме конструктивни односи со УЕФА, бидејќи тоа е најдобриот пат за сите“, вели Ал-Мубарак.

Сити, кои покрај Пари Сен-Жермен се едни од најголемите „трошачи“ во светот на фудбалот, веќе беа активни на пазарот – ги купија дефанзивецот Нејтан Аке од Бурнемаут за 40 милиони фунти и 20-годишниот Феран Торес од Валенсија за 20 милиони фунти.

Scroll to Top