Top Sport

Медисон не оди никаде, потпиша нов договор со Лестер

Иако се веруваше дека ова лето ќе премине во Манчестер јунајтед, Џејмс Медисон потпиша нов четиригодишен договор со Лестер, ставајќи крај на сите шпекулации.

За 23-годишниот англиски репрезентативец, кој дојде во Лестер од Норич пред две години, беа заинтересирани повеќе премиерлигаши, во прв план Манчестер јунајтед. Медисон одигра 76 меча за Лестер, постигнувајќи 16 гола и 10 асистенции.

„Пресреќен сум што имам нов договор со мојот фудбалски клуб. Ова е одлично време да се биде фудбалер на Лестер, бидејќи се случуваат многу позитивни работи во клубот. Сакаме да покажеме за што сме умешни во Премиер лигата и во Европа во новата сезона“, вели Медисон.

Лестер ја почнуваат новата сезона со гостување кај новиот премиерлигаш, Вест Бромвич Албион на 12 септември.

Scroll to Top