Шпанскиот второлигаш Малага објави планови за „колективно отпуштање“ во клубот, по кое се очекува тимот од југот на Шпанија да остане без половина тим.
Второлигашот отиде во стечај во февруари, ставајќи крај на владеењето на контроверзниот поранешен газда Абдулах бин Насер Ал-Тани и зголемувајќи ги шпекулациите дека нема да можат да ја завршат сезоната. Тие на крајот избегнаа испаѓање во третата лига завршувајќи на 14. место со два поени над безбедната зона.
Стечајните управници на тимот веќе имале разговори со фудбалерите кои најмногу заработуваат во тимот во понеделник, еден ден откако тимот го одигра првиот пријателски меч пред новата сезона.
На теренот, Малага е во постојан пад од пласманот во четврт-финалето во Лигата на шампиониетте во 2013, кога имаа фудбалери како Иско, Хоакин и Жулио Баптиста. Катарскиот бизнисмен Ал-Тани го купи клубот во 2010 година, но кризата го направи своето и тимот испадна од елитата во 2018 година.
? COMUNICADO OFICIAL ?
➡️ https://t.co/TbfpSYmHXN#Entidad pic.twitter.com/6RVatHAuQ5
— Málaga CF (@MalagaCF) August 24, 2020