Двајца руски „воини“ добија херојски пречек во својата татковина, откако Вадим Немков и Александер Поветкин се вратија во Русија со неверојатни сцени.
Поветкин, кој во саботата навечер го „патосираше“ Дилијан Вајт за да стане официјален предизвикувач за ВБЦ титулата во тешка категорија, на аеродромот Шереметјево во Москва беше пречекан од козачки хор, кој му пееше песни. 40-годишниот Поветкин доби традицонална наметка и му беше испеана песната „Љубо, браќа, љубо“ во чест на човекот кој дома има прекар „Руски витез“.
Во Белгород пак, беше пречекан Немков, кој стана шампион во средно-тешка категорија во ММА со доминацијата над двократниот шампиин Рајан Бејдер. Тој беше пречекан од стотина луѓе, а потоа се сретна и со Федор Емелианенко, неговиот ментор, кој загуби од Бејдер во јануари 2019 година.
??? Alexander Povetkin receiving a traditional Russian hero’s welcome as he arrives back in his homeland today after knocking out Dillian Whyte…
[?️ Russian Boxing Federation] pic.twitter.com/sLkjcwr2hY
— Michael Benson (@MichaelBensonn) August 23, 2020